Незири: Ќе се намалат трошоците за регистрација на трактори
Регистрација на тракторите на шест години и технички преглед на секои две години, задолжитено мерење на емисијата на издувни гасови на возилата при технички преглед и регистрација, скратување на рокот на чекање одговор од Бирото за метрологија за увезени возила..., се дел од измените на Законот за возила кои биле усвоени на последната владина седница, а ги презентираше денеска министерот за економија Беким Незири.
- Тие имаат за цел да ја зголемат ефикасноста на институциите односно на Бирото за метрологија, да ги намалат трошоците кај земјоделците и сточарите во делот за плаќање за трактори, да ја зголемат безбедноста на сообраќајот и да овозможат почиста животна средина, рече Незири.
Посочи дека една од измените се однесува на ефикасноста на институциите.
- Сите возила кои се увезуваат сега треба да поднесат барање до технички служби кое се процесира до Бирото за метрологија и да чекаат 15 дена. Сега се скратува рокот на 7 дена, истакна Незири.
Како што информира, другата измена се однесува на делот на регистрација на трактори, кои за разлика од сега кога се регистрираат и подлежат на технички преглед секоја година, ќе треба да се регистрираат на секои шест години и да се носат на технички преглед на две години.
Со оваа измена на Законот за возила, како што рече Незири, се намалуваат трошоците на земјоделците и сточарите.
Според него, една од измените треба да придонесе за подобра животна средина, а се однесува на воведување задолжително мерење на емисијата на штетни издувни гасови на возилата за време на техничкиот преглед и врз основа на тоа да се одлучува дали тоа треба да биде регистрирано или не. Согласно постојниот закон, емисијата на издувни гасови се мерела само кај возила за кои имало одреден сомнеж.
Законските измени предвидуваат сите фирми или физичи лица кои монтираат плински уреди во возилата да се регистрираат во Министерството за економија за, како што рече незири, да се избегнат ситуации кога граќаните кои имале нелиценцирани уреди да ги вадат при секоја регистрација.
Се утврдува и времетраење на техничкиот преглед на најмалку 10 минути за автомобили и на 20 минути за товарни возила на станиците за технички прегледа.ж
Досега, рече Незири, имаше случаи една станица за технички преглед да прегледа од 100 до 150 возила во работно време иако има една трака за прегледување. Со законските измени, времетраењето стриктно се дефинира и со тоа, како што потенцира, конкуренцијата на сите станици ќе биде на исто ниво.