Министерот Адеми ја додели наградата "Стојан Христов" на манифестацијата "Матине", која е во склоп на програмата на Струшките вечери на поезијата

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес ја додели наградата „Стојан Христов“ на манифестацијата „Матине" која се одржа во предворјето на манастирската црква Св. Богородица во Калишта, која е во склоп на програмата на Струшките вечери на поезијата.

Министерот Адеми ја додели наградата „Стојан Христов" на поетесaта од Сиднеј, Австралија Жаклина Михајлова, за стихозбирката "Руен".

Од искличително значение е доделувањето на наградата на поетесата Михајлова, која живее, работи и твори од 90-ите години во Сиднеј, Австралија, бидејќи со оваа награда се поттикнува креативниот крик за творење на сите уметници кои се заминати и творат во дијаспората.