Министерот Аднан Ќахил присуствуваше на свеченост по повод 946-та годишнина од Битката кај Малазгирт

 

Министерот задолжен за странски инвестиции, проф. д-р Аднан Ќахил, како претставник од Владата на Република Македонија на покана на Претседателот на Република Турција г-дин Реџеп Тајип Ердоган, како специјален гостин, изминатиов викенд во округот Малазгирт, источната турска покраина Муш, присуствуваше на свеченост по повод 946-та годишнина од Битката кај Малазгирт на која покрај претседателот на Република Турција, г-дин Реџеп Тајип Ердоган, присуствуваа голем број на функционери, претставници од дипломатскиот кор и масовен број на граѓани.


Проф. Д-р Аднан Ќахил, кој воедно е Министер задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, беше почесен гостин и патуваше со посебниот лет на претседателскиот авион на г-дин Реџеп Тајип Ердоган и оствари тет-а-тет средби со високи функционери од Владата на Република Турција.

 


Претседателот на Република Турција, во меѓусебните разговори, истакна дека ја подржува новата Влада предводена од г-динот Зоран Заев, како и безрезервното учество на Партијата на движење на Турците во Македонија во Владата на Република Македонија.


На свеченоста по име „Сеќавање на Битката 1071 Малазгирт и освојување на Анатолија“ учествуваа и Началникот на Генералштабот, Генерал на Армија г-дин Хулуси Акар, Вицепремиер г-дин Реџеп Акдаг, Вицепремиер г-дин Хакан Чавушоглу, Министер за надворешни работи, г-дин Мевлут Чавушоглу, Министер за внатрешни работи, г-дин Сулејман Сојлу, Министер за правда Абдулхамид Гул, Министер за национално образование, г-дин Исмет Јилмаз, Министер за спорт и младина, г-дин Осман Ашкин Бак, Министер за храна, земјоделие и сточарство, г-дин Ешреф Факибаба, Министер за труд и социјална политика, г-ѓа Жулиде Сариероглу, Министер за семејство и социјални политики, г-ѓа Фатма Бетул Сајан Каја, Министер за царини и трговија, г-дин Булент Туфекчи, Министер за шумарство и водостопанство, г-дин Вејсел Ероглу како и многу други.


Овој важен датум од турската историја се одбележува со големи манифестации и прослави со што се оддава почит на славната битка со која турците ги отвориле вратите на Анатолија.