Министерот Ќахил присуствуваше на приемот по повод 30 Август - Денот на победата во Република Турција

Министерот задолжен за странски инвестиции, проф. д-р Аднан Ќахил, вчера присуствуваше на приемот по повод 30 Август – Денот на победата во Република Турција, организиран од страна на Турската Амбасада во Република Македонија.

 

На приемот покрај Министерот задолжен за странски инвестиции проф. д-р Аднан Ќахил, присуствуваа и Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, Министерот за надворешни работи Никола Димитров, Министерката за одбрана Радмина Шеќеринска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Министерот за правда Билен Салији, Министерот за здравство Арбен Таравари, Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостоловска, Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, пратеникот Енес Ибрахим, како и многубројни дипломати, фунционери од јавниот сектор и претставници на армијата на Република Македонија, како и претставници од бизнис заедницата.

 

По интонирањето на националните химни на двете држави, свое обраќање имаше амбасадорката на Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, додека на крајот од приемот беше прочитана поздравната порака на Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

 

30 Август во Република Турција секоја година се слави како празник на победата на турските воени сили предводени од генијалниот командант и основач на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк како ден во кој Турција е спасена од окупаторските сили во 1922-ра година.