Ден на независноста - Македонија слободна, слободно живее

Насоки и агенда за денешните активности по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември.


Денес (07.09.2017) со почеток во 10 часот, Владина делегација составена од министрите Горан Сугарески, Роберт Алаѓозовски и заменик министерот Дејан Павлевски ќе ја посети реставрираната спомен куќа на Блаже Конески во село Небрегово.


17:30 часот - Централната прослава за Денот на независноста на Македонија започнува со интерактивна уметничка инсталација - изложба на платото пред Владата и внатре во зградата.

18:00 часот - Започнува детската театарска претстава „Маша и нејзината приказна" - работена по популарната серија "Бајките на Маша". Претставата е од интерактивен карактер, изобилува со музички делови, оригинални костими, а секако присутни се и едукативни моменти.
Граѓаните кои ќе присуствуваат на настаните ќе имаат можност да ги гледаат Dancers United, танцово студио за инклузивни настапи на танчери со Даунов Синдром и танчери со типичен развој.


19:00 часот - Пред Влада на РМ, започнуваат со настап Гудачки квартет ВИВА Стринг, а по нив настапува Хорот при Македонската опера и балет со неколку кратки композиции од Прокопиев, како и изведба на химната на Република Македонија.


19:30 часот - Обраќањето на Претседателот на Влада на РМ.


20:00 часот - На централната прослава ќе настапат и повеќе музички изведувачи: Биг бенд на Здружението на џез музичарите на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Агушев, Бени и Нон-стоп со специјален гостин Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, К’пурдат од Тетово, Шутка Рома Рап и хип хоп артистот Слаткар.


Сите активности се од отворен карактер, ги покануваме граѓаните да се приклучат и заедно да го прославиме Денот на независноста на Република Македонија.


На самиот 8-ми септември, Ден на независноста се одбележува и со положување свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата, од страна на делегации на Влада на Република Македонија, предводени од премиерот Зоран Заев.