Министерката Апостолска се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Вилем Ваутер Пломп.

 

На средбата беше изразено задоволство од долгогодишната добра економска соработка помеѓу двете земји и беше оценето дека постои простор за понатамошно унапредување на бизнис релациите помеѓу холандските и македонските компании. На средбата се дискурираше и за економските сектори во кои холандските компании би имале интерес да инвестираат во Република Македонија, при што како можни сектори беа истакнати хај-тек индустријата, туризмот, земјоделството и хортикултурата, како и текстилната индустрија.

 


Министерката Апостолска ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија и го информираше амбасадорот за политиките на Владата за странските инвестиции, како и за новиот модел за привлекување на нови инвеститори. Министерката ја нагласи важноста од транспарентност во целокупниот процес на привлекување инвестиции и еднаквиот третман на домашните и странските компании.

 


На крајот беше договорена следна средба на министерката Апостолска и амбасадорот Пломп во амабасадата на Кралството Холандија во Македонија, на која ќе присуствува и претставник на македонско-холандската стопанска комора и ќе се разговара за проширување на можностите за влез на холандски капитал во земјава.