Трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“
Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ќе се одржи јавна трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.
Трибината ќе се одржи утре (четврток), на 21.12.2017 година, во 11:00 часот, во Клубот на пратениците (Кино сала).
Организаторите на трибината упатуваат покана до сите медиуми, новинарски и медиумски здруженија, граѓански организации што покриваат медиумски прашања, како и до сите граѓани заинтересирани за оваа тема, да присуствуваат на трибината и да учествуваат во отворената диксуија со свои мислења и предлози.