Премиерот Заев се сретна со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а патот на Македонија е во ЕУ и НАТО
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево во Владата се сретна со Христијан Мицкоски, новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.
Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.
Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата.