Министерот Јанакиески се сретна со пратеници од турското Собрание
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска оствари средба со пратеници од Големото национално собрание на Република Турција, кои се членови на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство.
На гостите од Турција Јанакиески им ги пренел позитивните искуства од соработката со турски компании кои инвестираат во Македонија, меѓу кои и концесионерот на македонските аеродроми, компанијата „ТАВ“. Воедно ги истакнал добрите односи и воспоставената добра соработка меѓу министерствата за транспорт и врски на Македонија и на Турција.
На средбата, Јанакиески изрази задоволство од влезот на нови авиопревозници од Турција на македонскиот пазар со што се овозможува поголема конкуренција, подобрување на квалитетот на услугите и намалување на цените.
Претседателот на турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство, Хусеин Бурге на министерот Јанакиески му ги пренел позитивните импресии од соработката на двете земји во транспортот и економијата и изрази надеж за продлабочување на односите и заедничката соработка, како и зголемување на бројот на директни инвестиции од компании од Турција во Македонија.