![](https://vlada.mk/sites/default/files/default_images/vrsm_slider_v2_mk.jpg)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2018 година (петок), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.