Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами.
Двајцата претседатели разговараа за барањата на "Беса" предводена од господинот Билал Касами во позитивна и пријателска атмосфера, при што се разговараше за причините и за содржината на самите барања.
На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од "Беса" на господинот Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.
Деталите од тој состанок ќе и бидат соопштени на јавноста по одржувањето на средбата.