Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.