Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 122-ра седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 122-ра седница со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа на Владата на РСМ и со точки од интерес на граѓаните.
 
На денешната седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ќе ја разгледа и ќе донесе одлука по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа.
 
За оваа седница на Владата на РСМ, Министерството за внатрешни работи ги предложи министрите да се произнесат по точките Предлог-закон за изменување на Законот за внатрешни работи, Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, како и по точката Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија
 
На денешната седница, меѓу другото, Владата на РСМ ќе се произнесе по Информацијата за подготовката на проектна апликација за Студија за изводливост за изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа во рамки на повикот за техничка помош во рамки на ИПА инструментот „Инвестициска рамка за западен Балкан“ (Western Balkans Investment Framework - WBIF), што ќе ја презентира Министерство за информатичко општество и администрација.
 
Министерството за надворешни работи за денешната седница заради олеснување на движењето предлага да бидат разгледани Предлог-одлуката за времено укинување на визите за краткорочен престој во Република Северна Македонија за државјаните на Украина, Предлог-одлука за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Руската Федерација во Република Северна Македонија, како и Предлог-одлука за укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) во Република Северна Македонија за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои имаат регулирано привремен престој во земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор.