Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето Анти коцкање од Тетово.
Претставниците на Движењето Анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.
Премиерот Заев и министерот Тевдовски на средбата нагласија дека Владата на РСМ со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на Движењето Анти коцкање, особено заради фактот што грижата што произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите.