Министерство за транспорт
Министерството за транспорт ги врши работите што се однесуваат на:
• патниот сообраќај и патната инфрастуктура;
• железничкиот сообраќај и железничката инфраструктура;
• воздушниот сообраќај и воздухопловната инфраструктура;
• внатрешната пловидба;
• поштенскиот сообраќај и поштенската инфрастуктура;
• други видови на транспорт и инфраструктура која е неопходна за вршење транспорт (жичари и ски-лифтови и слично);
• станбено-комуналните работи, соодветната инфраструктура, уредувањето на просторот и управувањето со градежното земјиште во сопственост на Републиката и
• врши и други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за транспорт е:
• Капетанијата на пристаништата.