Учество на Националниот координатор за СНЕ и БПТ и заменик Националниот координаторот за СНЕ на регионален состаноци во Тирана, Република Албанија во организација на Регионалниот Совет за Соработка (RCC) и проектот на ЕУ за “Интегративно управување со вна

На 23 и 24 април, 2019 година, во Тирана, Република Албанија, се одржаа два регионални состаноци поврзани со превенирање и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ). На 23 април се одржа седмиот состанок на групата на национални централни точки за П/СНЕ во организација на Регионалниот Совет за Соработка (RCC) во Југоисточна Европа. На 24 април се одржа третиот состанок на регионалната мрежа на националните координатори за П/СНЕ на Западен Балкан, организиран од проектот на ЕУ за “Интегративно управување со внатрешната безбедност” (IISG). На овие два настана учествуваа Националниот координатор за СНЕ и БПТ Борче Петревски и заменик Националниот координатор за СНЕ Џеладин Ајвази.

На првиот состанок што се одржа на 23 Април претставниците од секоја држава го претставиjа статусот на реализирање на активностите предвидени во нивните Национални стратегии. Додатно, беа претставени предизвиците и активностите поврзани со програмите за реинтеграција, а се дискутираа конкретни чекори поврзани со радикализацијата преку Интернет. Покрај регионалните национални претставници на состанокот допринес дадоа и меѓународните партнери според нивниот мандат. Целта на овој состанок беше да се дојде до конкретни идни и заеднички активности што треба да се превземат во наредниот период.

На вториот состанок што беше одржан на 24 Април, конкретно се дискутираше за програмите за рехабилитација, реинтеграција и ресоцијализација и споделување на најдобри практики. Додатно за време на конференцијата се третираше и темата поврзана со онлајн-радикализацијата. Националните координатори од сите држави ги претставија нивните искуства и достигнувања. Дополнително, меѓународните партнeри ги претставија превземените активности од нивна страна, најдобрите практики и идните планови. 

Двата состанока беа особено продуктивни, при што се разменија најдобрите практики и искуства. Дополнително, заедно со нашите регионални и меѓународни партнери беа одредени конкретните идни чекори.