Министерката Јанкулоска, претседателот на ФИА Тод и претставници на АМСМ потпишаа меморандум за соработка
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, претседателот на Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) Жан Тод и претставници на Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) денеска потпишаа меморандум за соработка.
МВР ќе го стави на располагање целиот активен потенцијал, потенцира Јанкулоска, со цел да даде активен придонес во глобалната кампања во рамки на Декадата на акција за безбеднoст на патиштата 2011-2020 иницијара од ОН и Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА).Таа констатира дека со денешниот чин дополнително добиваат во тежина и на квалитет и досегашните напори на МВР, насочени кон подигнување на свеста при сообраќајната култура.
- Исклучително е важно што не станува збор за краткотрајна кампања, туку кампања во која цела декада ќе биде посветена на подобрување на состојбите во сообраќајот. Ова го говорам не само како министер, туку пред се како граѓанин бидејќи секојдневно сите ги чувствуваме проблемите при одвивање на сообраќајот, но за жал и последиците и заканите од несовесните учесници во сообраќајот, рече Јанкулоска. Таа информира дека во преку 95 проценти од случаите на сообраќајни несреќи, вината е лоцирана во човечкиот фактор.
Претседателот на ФИА, Тод, по средбите со државниот врв, истакна дека видел многу голема мотивација во Македонија, која е полна, како што рече, со култура и почитувана историја.
- Енергијата меѓу спортот и мобилноста е од големо значење за да се постигнат добри резултати во безбедноста на патиштата, рече Тод, импресиониран, како што посочи, од тоа што е формирано тело како РСБС, кое има огромна поддршка од ФИА. Тој потсети дека 1,3 милиони лица ги губат животите во сообраќајни несреќи и ако не се преземаат никакви активнсоти тој број ќе се зголеми.
- За да ја подобрите ситуацијата, мора да се подобри инфраструктурата на патиштата, да се имплементираат подобри технологии во возилата, да создадеме подобро образование, смета тој, изразувајќи надеж дека ќе се постинге напредок, бројот на жртвите ќе се намали, особено во Македонија, затоа што надлежните институции и проектите кои се реализиираат се водени од многу стручни лица.
Тод спомена дека е потребно да се изгради Го карт патека, која нема да биде само место за трки, туку, подвлече, би била стадион на кој ќе се одвиваат и други спортови. Како Многу добра иницијатива, која треба да се поддржи, претседателот на ФИА ја оцени можноста на 16 годишна возраст да може се добие возачка дозвола.
Основна цел на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, истакна претседателот Никола Ангеловски, е едукација и превенција во патниот сообраќај, како перманента активност, за сите учесници во сообраќајот.
Претседателот на Авто-Мото Сојузот на Македонија Спасе Јовковски меѓу другото посочи дека целта на кампањата е да се намали бројот на жртвите во сообраќајот, што сега е 50 милиони годишно. Во Македонија во последните години има 8 жртви во сообраќај на 100 илјади жители. Потребно е особено внимание, смета тој, да се обрне на пешаците, од кои најмногу на децата.
На Крсте Трајковски од Автомобилистичката федерација на Македонија доби дијамантска кацига од претседателот на Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) Жан Тод.