Економскиот раст стабилен и одржлив – Забележан раст на индустриското производство од 6,1% во месец септември 2019 година

Комплементарните економски политики на Владата на Република Северна Македонија со кои се овозможува силна поддршка на компаниите во земјата за побрз технолошки развој, имплементирање на иновации, зголемена конкурентност на пазарите и повисока продуктивност, како и отворање на нови, подобро платени работни места продолжуваат да даваат добри резултати.

Последна информација со која се потврдува стабилниот и одржлив економски раст на земјата е денешниот извештај за индустриско производство, објавен од Државниот завод за статистика, во кој е нотиран раст на индустриското производство од 6,1% во месец септември 2019 година, во однос на истиот месец во 2018 година. Индустриското производство, пак, во периодот јануари-септември 2019 година, во однос на истиот период лани, кумулативно бележи раст од 5,6%, а со оглед на фактот дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата, очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал на 2019 година.

Гледано по индустриски дејности, во согласност со извештајот на ДЗС, најголем раст е забележан во индустријата за производство на тутунски производи од 512,9%, потоа поправка и инсталирање на машини од 74,3%, по што следува произвoдството на останата опрема за транспорт од 67,3% производството на фабрикувани метални прoизводи од 64,5% и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизaција од 32,2%. Раст е забележан и кај производството на пијалаци (13,3%) и производствотo на прехранбени производи (13,1%), производство на хартија и производи од хартија (14,2%) и производството на текстил (10,1%).

Владата на Република Северна Македонија останува посветена на имплементација на економските политики, програми и мерки за модернизација на инудстријата, за повисока продуктивности и конкурентност, со цел побрз и одржлив економски раст и повисок животен стандард на граѓаните.