Премиерот Заев за барањата на СОНК за платите во образованието: Над 20% ги качуваме платите, во краток период што никогаш досега не е направено, верувам дека низ дијалог ќе најдеме заедничко решение

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања порача дека во кус период од две и пол години, не се случило никогаш вакво покачување на платите во образованието, како што се случува сега, но дека утре, заедно со министерот за образование, Арбер Адеми ќе има состанок со претставници на СОНК, затоа што низ дијалог се решаваат прашањата.

„Факт е дена за 11 години, ВМРО-ДПМНЕ направи покачување од 10%. И факт е дена за две години и пет месеци оваа Влада направи покачување за 10%, или кумулативно, за 10,8%. Чесно ја водиме државата, има пари во Буџетот,  не се трошат пари за глупости. Правиме напори, понудивме, од април 10%. Покачување од 20% за вака краток период, никогаш не било постигнато. СОНК бара повеќе и порано, но сите ресурси што ги имаме ги вложуваме во човечкиот капитал“, рече премиерот Заев.

 

 

Тој додаде дека според тоа што е досега понудено е најниската плата во образованието да биде поголема од просечната плата во државата.

„Со овие покачувања наставниците во основните и во средните училишта ќе имаат примања над просечната плата“, рече премиерот Заев.

Тој изрази очекување дека на утрешниот состанок со претставниците на СОНК ќе биде изнајдено заедничко решение.

„Верувам дека низ дијалог ќе постигнеме решение“, оцени премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи и на овозможените повисоки капитации за општи лекари, стоматолози, за возможно трето покачување на платите во образованието, за дополнителна нивелација на платите во културата, бидејќи оваа Влада е насочена кон потребите на граѓаните. Тој рече дека стануваат можни и нови покачувања на платите во администрацијата освен сегашните 5%, што се очекува да го овозможи мотивирањето на газдите да ги качуваат платите со изнајдените 2 милијарди и 400 илјади денари со коишто Владата ќе ги плаќа придонесите за нив. Исто така премиерот потсети и за покачувањето на минималната плата за 5.500 денари, за две и пол години, што ја покренува спиралата на покачување на платите во државата.

„Зборуваме денес за покачувања на плати и пензии, а не за пари за жални врби и споменици, за покачувања во образование, стопанство, лекари, на текстилни работници, културни работници“, рече премиерот Заев кој додаде дека тоа носи влијае на зголемувањето на потрошувачката, за среќа и благодет за граѓаните и ја помага економијата, на седницата за пратенички прашања, одговарајќи на поставените пратенички прашања.