Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Институција која огласува: 
Министерство за економија
Рок на пријавување: 
02.12.2019

Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 220/19), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

I

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.
Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се предвидени средства во вкупен износ од 15.000.000 денари.
Ќе бидат надоместувани само трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.

II

Надоместок на дел од трошоците од дел II од оваа програма ќе се врши за само едно возило во семејство.

III

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

IV

Документација потребна за пријавување:

  • пополнето Барање, кое  може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk);
  • изјава за веродостојноста на податоците и верноста на приложената документација, заверена на нотар под морална и материјална одговорност, која може да се подигне од архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството (www.economy.gov.mk); 
  • фискална сметка (во оригинал) со сметкопотврда, или фактура (во оригинал) со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, издадени по денот на објавување на јавниот повик;
  • копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено (од Министерството за економија) копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото.за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото.
  • фотокопија од лична карта;
  • број на трансакциска сметка;

VII

Барањата заедно со потребната документација и уплатниците се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерството за економија, ул. Јуриј Гагарин бр. 15, Скопје, секој работен ден од 9,30 до 15,00 часот.

На пликот треба да стои:
До Министерство за економија
За „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата“, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“.

Секој барател има право да поднесе Барање за само едно возило во семејство.

При поднесување на Барањето барателот од Архивата на Министерството за економија добива архивски број со датумот на поднесување на барањето.

Доколку барањето се доставува преку пошта како датум на поднесување на барањето ќе се смета датумот кога барањето е пристигнато и заведено во Архивата на Министерството за економија.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени со Јавниот повик, ќе се прави по принципот „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на Барањата во архивата на Министерството за економија.

Доколку средствата се исцрпат додека сѐ уште трае јавниот повик, Министерството за еконимија ќе објави Известување за исцрпување на расположивите средства на својата веб страна www.economy.gov.mk.

Барањата, ќе ги разгледува Комисија фирмирана од министерот за економија.

Крајниот рок за поднесување на Барања по овој повик е до 02.12.2019 година.

Барањата кои се некомплетни ќе бидат одбиени.

Барањата кои ќе пристигнат по завршување на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.