ПВРСМ Заев: По 47 години се реконструира далекуводот во Штипскиот регион, капиталните инвестиции во електроенергетската инфраструктура се исклучително значајни за подобрување на инвестиционата клима

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, денес остварија работна посета за увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип - ТС Пробиштип. 

 

 

Реконструкцијата е финансирана со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 км. Проектот претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за овој регион.

Новиот далекувод ќе биде поставен на 110 челично-решеткасти столбови и ќе го замени постоечкиот далекувод што е во функција повеќе од 47 години, а планот е изградбата на далекуводот да заврши до крајот на годинава, кога се очекува далекуводот да биде пуштен во работа.

Во изјава за медиумите Премиерот Заев истакна ваквите крупни капитални инвестиции во електроенергетската инфраструктура се исклучително значајни за нашата земја и за подобрување на инвестиционата клима. Се создава сигурност кај домашните и странските инвеститори и се гарантира стабилност за економијата но и граѓаните на Северна Македонија.

 

Министерот Сугарески се осврна на континуираните напори на владата во обезбедување градење на серивиси за граѓаните и бизнис секторот и потсети дека овој проект е само еден од шесте преку кои се работи на модернизација на инфраструктурата која во овој регион не е обновена речиси 50 години. 

 

Директорката на МЕПСО Ева Шуклева образложи дека со проектот за изградба на нов 110 kV далекувод и со новата опрема ќе се сведат на минимум ризиците од испади и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а  со тоа значајно ќе се намалат и трошоците за одржување.

 

Овој проект е само еден од предвидените во десетгодишниот инвестицискиот циклус што го започна МЕПСО вреден 150 милиони евра, во модернизација и изградба на нови енергетски објекти, во нови трансформаторски станици и далекуводи.