Северна Македонија го поздравува планот на претседателот Трамп за решавање на израелско - палестинскиот конфликт

Република Северна Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Трамп, рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско - палестинскиот конфликт.

Статус квото не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток.

Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој моментум и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување на решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт.

Северна Македонија се залага за постигнување на траен мир и стабилност на Блискиот Исток: одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации.