По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.
Кај овие лица, согласно протоколот, беа направени два контролни теста и истите покажаа негативен резулат на коронавирусот.
Во моментов во болницата во Штип од ковид-19 се лекуваат 4 пациенти, а Штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.