Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.
Починати се тројца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус. По градови: Скопје 2, Куманово 9, Штип 2, Тетово 2, Велес 1, Гостивар 1, Пехчево 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1225, а последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 411
- Куманово 338
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 117
- Тетово 57
- Струга 55
- Велес 59
- Битола 17
- Охрид 15
- Кавадарци 4
- Гостивар 13
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 4
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 27
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 2
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 1
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ - 252, преку Ветеринарен факултет - 0, Авицена - 0, Биотек - 0, Филип Втори (Жан Митрев) - 0 и Систина со PCR метода - 11. Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за КОВИД-19 се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на КОВИД-19, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.
Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 КОВИД-19 позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.