Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Штип 1, Велес 3, Гостивар 1, Кочани 1.
Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 6, Тетово 5, Струга 2, Велес 2, Битола 2, Охрид 2.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 588, активни 138
- Куманово 411, активни 47
- Дебар 51, активни 0
- Штип 35, активни 1
- Прилеп 190, активни 62
- Тетово 126, активни 63
- Струга 69, активни 6
- Велес 111, активни 49
- Битола 25, активни 6
- Охрид 17, активни 2
- Кавадарци 5, активни 0
- Гостивар 19, активни 3
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 2, активни 0
- Крива Паланка 6, активни 2
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 4
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 1
- Виница 2, активни 0
- Кратово 2, активни 2
- Берово 1, активни 1
Направените 349 теста се преку: ИЈЗ 211, Ветеринарен факултет 27, Авицена 17, Биотек 34, Филип Втори (Жан Митрев) 33, Систина со PCR метода 10 и МАНУ 17. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.