МВР: Во изминатото деноноќие евидентирани 481 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, 203 лица не ја почитувале забраната за движење, издадени се 722 решенија за изолација и 185 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Северна Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.