ЦЈЗ Зибери: 90% од активните случаи припаѓаат на кластерите, мора да се почитуваат мерките

Директорот на Центарот за јавно здравје д-р Арбен Зибери, на денешната прес-конференција детално ги презентираше податоците од Центарот за изминатиот периодот со справувањето со ковид-19.

„Центарот активно ја следи состојбата на ковид-19 на подрачјето на Скопје и ги превзема сите активности според протоколите. Позитивните и заболените лица се анкетираат и се откриваат нивните блиски контакти, се прават анкети за сите и се пријавуваат истите до Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој пак изготвува решение за самоизолација, односно 14 дена. Оние кои се позитивни без симптоми се оставаат во самоизолација во својот дом додека оние позитивни со симптоми во зависност од тежината на клиничката слика се ставаат на домашно лекување или се хоспитализираат на Инфективната клиника или во Градската општа болница „8ми Септември“. Според проценката на епидемиологот се тестираат и блиските контакти со посета во нивниот дом од страна на наши екипи кои од почеток и ден денеска го правиме без престанок и саботи и недели и празници. Секојдневно ги добиваме податоците и резултатите од тестирањата и тоа два пати дневно и од државните здравствени установи, но и од приватните лабаратории. Од вкупната бројка на заболени во нашата држава. Во Скопје се регистрирани 1332 случаи, ги додадов и новите бројки од денеска. Значи имаме 1332 и за жал 40 починати. Активните случаи се 658, а оздравени 569 пациенти“, информираше д-р Зибери.

Во моментов во Скопје активни случаи се 658. По општини: Чаир 169, Бутел 63, Гази Баба 61, Аеродром 57, Сарај 56, Карпош 45, Кисела Вода 35, Арачиново 23, Студеничани 19, Илинден 18, Ѓорче Петров 20, Шуто Оризари 17, Петровец 6, Чучер Сандево 3, Сопиште 2 и општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран случај.

„За активните случаи во градот Скопје, многу е важно да напоменеме дека 60%, односно 390 од вкупниот број на активни позитивни случаи се поврзани со веќе познати позитивни случаи. 60%, односно 360 од вкупниот број на активни случаи се асимтоматски случаи, што е многу важно и затоа треба сите да бидеме претпазливи, затоа што имаме во последниве денови многу такви случаи кои се асимптоматски и коишто може полесно да ја шират болеста. 35%, односно 210 од вкупната бројка на активни позитивни случаи  во Скопје не се поврзани со веќе познати позитивни случаи, но јас би рекол дека оваа бројка е уште помала кога зборуваме со нашите епидемиолози и ги анализираме случаите. Ако не се поврзани општински, имаат семејна поврзаност, живеат во две различни општини“, рече д-р Зибери.

Од вкупниот број на активни позитивни случаи во Скопје, 41 се кластери. Пвеќето кластери се во кругот на семејства, фирми и семејства. Секој кластер се состои од 3 заболени до 22 члена од исто семејство.

„90% од вкупниот број на активни случаи припаѓаат на кластерите, ова е доказ дека нашите епидемиолози во територијата на град Скопје ја имаат состојбата под контрола и точно знаеме од кај се овие новодијагностицирани пациенти последниве денови. Околу 3500 лица се блиски контакти на позитивни активни случаи во Скопје. Исто така, сакам да напоменам дека како Центар за јавно здравје од почеток си ја следиме ситоацијата и почнавме уште пред минатиот месец и со скринингот на градинките и на старските домови. ЦЈЗ Скопје зема 1667 бриса од вработени во градинките на подрачје на територијата на град Скопје. Досега само еден позитивен на Ковид-19 од приватна градинка. Согласно скринингот, земени се и брисеви од вработени лица и штитеници во домовите за згрижување на стари лица. Досега ЦЈЗ Скопје зема 545 брисеви, позитивни, едно вработено лице во јавна геријатриска установа, едно вработено лице во приватна геријатриска установа, три вработени лица во приватна геријатриска установа во село Кадино, и две штитенички од истата геријатриска установа. Но, исто така треба да се напомене покрај овие кои резултираа позитивно во овој старски дом, ние ги тестиравме сите околу 112.

Екипите на ЦЈЗ Скопје, од почеток на оваа пандемија на Ковид 19 во нашата земја од 02.06 има земено повеќе од 8000 бриса за тестирања во домашни услови на заболени и контакти, во пунктовите на поликлиниките и познатите пунктови во Скопје, како што се во поликлиника Ченто, Јане Сандански, Идадија и во Чаир. Тој упати апел да се почитуваат мерките, да се држи физичка дистанца, да носиме заштитна маска и да не се групираме, затоа што со секое непочитување на мерките може само да се одолговлечи оваа пандемија.