Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши деенска ги додели решенијата за исплата на средства на мали и средни претпријатија за воведување на ИСО стандарди и сертификација на ХАЛАЛ систем врз основа на објавените јавни повици по мерките од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 година.
Оваа година Министерството за економија и труд, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2024 реализираше :
МЕРКА 4 - Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди и тоа 40 % од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.
МЕРКА 5 - Надоместување на дел од трошоците на микро, мали и средни претпријатија за сертификација на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој апликант.
За реализација на овие мерки Министерството за економија и труд објави јавни повици во кои беа дефинирани условите за учество и потребните документи за аплицирање.
Двата Јавни повици беа објавени истовремено на 19.07.2024 година на веб страницата на Министерството за економија и труд и траеја до 01.10.2024 година.
За секоја од овие мерки се предвидени средства во износ од 2.000.000 денари поединечно.
Заклучно со 01.10.2024 година, до Министерството за економија и труд пристигнаац 9 (девет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација според ИСО стандарди и 14 (четиринаесет) барања од подносители за кофинансирање на сертификација на ХАЛАЛ систем.
Од разгледаните 9 (девет) барања, Комисијата констатира дека 1 (едно) не ги исполнува условите за учество одредени со Јавниот повик за ИСО, а за останатите 8 (осум) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 463.961 ден.
Од разгледаните 14 (четиринаесет) барања, Комисијата констатира дека 9 (девет) не ги исполнуваат условите за учество одредени со Јавниот повик за ХАЛАЛ, а за останатите 5 (пет) одлучи да одобри надоместување на дел од трошоците за сертификација, согласно доставената документација, во вкупен износ од 445.260 ден.
Добитници ан финансиска поддршка од овие мерки се:
За мерката за воведување на ИСО стандарди:
- ОРНАМАКС ДООЕЛ Скопје
- БАГА ФООД ДОО Битола
- БУРДЕМ-ПЛАСТИК ДОО Студеничани
- БИМФООД ДОО Прилеп
- ПРОАХИС ИНОВАТИОН ДОО Битола,
- ГАЛАТЕКС ДООЕЛ Куманово
- АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП Скопје
- ЕВРОПА 92 ДООЕЛ Кочани
- МАРМАЈОЗ ДОО Прилеп
За мерката воведување на ХАЛАЛ стандарди се:
- СОКО ГОРИЦА ДООЕЛ Скопје
- НУРО КОМПАНИ ДОО с. Камењане, Боговиње
- НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД ДООЕЛ с. Драслајца, Струга
- АНЕТА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје
- ЛЕЦКЕР ДООЕЛ с. Требош, Желино
Имајќи ги во предвид потребите на компаниите Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со реализација на мерки и активности во насока на подобрување на конкурентноста на МСП