Премиерот Спасовски во работна посета на Гази Баба и Бутел, увид во работите на патот Раштак - Бутел и увид во работите на социјална зграда во Бутел
Ве информираме дека денеска (петок 10.07.2020 година) со почеток од 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе извршат увид во работите на патот Раштак - Бутел и притоа е планирано обраќање до медиумите на премиерот.
Локација за изјава за медиумите: надвозникот на обиколницата за Раштански лозја, 11:15 часот.
Потоа, со почеток од 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката - Скопје, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе направат увид во градежните работи на социјална зграда во Општина Бутел.
Изјавите се предвидени со почеток од 11:40 на локацијата на зградата.