16-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
27.10.2020 - 12:30
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (564.02 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 12-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14 и 15 октомври 2020 година
1 Записник од Осмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 26 октомври 2020 година
2 Збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе
3 Предлог - oдлука за намалување на увозните давачки - царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи
4 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за oбјавување на законите и на другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“, по скратена постапка
5 Информација за извршени преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање за 5G патоказ за дигитална трансформација во регионот на Западен Балкан, со усогласен Меморандум
6 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства
7 Годишна сметка за 2019 година, Годишен извештај за работењето на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Ц.О. Скопје за периодот од 1 јануари 2019 година до 31 декември 2019 година и Финансиски извештај за 2019 година, со Ревизорски извештај и предлог-одлуки
8 Годишна сметка, финансиски извештаи и Годишен извештај за работењето на АД ТЕЦ Неготино за 2019 година, со Извештај на независните ревизори, со предлог - одлуки
9 Информација за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, со Предлог-одлука
10 Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности (КП бр.712/1 во КО Пробиштип) ДП 03-27/20 ДП Штип
11 Предлог - одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за образование и наука
12 Информација за преземените активности согласно заклучоците од осмата затворена седница на Владата на Република Северна Македонија, а во врска со финалниот извештај од ОЛАФ за два договори кои се спроведени децентрализирано во рамките на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба (ТАИБ 2009 и ТАИБ 2011)
13 Информација за плаќање на обврските од членството на Република Северна Македонија во Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД
14 Информација за задолжување на Општина Конче кај Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, со Предлог-oдлука за задолжување на Општина Конче со краткорочен кредит кај Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
15 Информација за потребата од обезбедување на дополнителни средства за Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка
16 Информација за назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд
17 Информација за формирање на Комисија за спроведување на Јавен повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина на локалитетот “КО Желино“ општина Желино, со Предлог – решение
18 Предлог - одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/719 на Советот од 28 мај 2020 година за изменување на Одлуката 2013/255/ЗНБП во однос на рестриктивни мерки против Сирија
19 Информација за имплементацијата на Рамковниот Договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ доделен со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со Европската Комисија и обезбедување на финансиски средства
20 Барање за давање на автентично толкување на член 21 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија" бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 101/19), поднесено од градоначалникот на општина Куманово
21 Барање за давање на автентично толкување на член 40 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија" бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 101/19), поднесено од градоначалникот на општина Куманово
22 Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2019 година
23 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.276/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 51 став 3 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019)
24 Понуда од Нотар Зафир Хаџи-Зафиров од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 94890 за Ко Ѓ.Петров и Имотен лист бр.94891 за КО Ѓорче Петров 3 - Дексион на КП бр.10077 МВ/ Улица Ѓорче Петров
25 Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.102145 за КО Бутел,Имотен лист бр.101548 за КО Бутел,Имотен лист бр.101267 за КО Бутел и Имотен лист бр.101671 за КО Бутел
26 Понуда од Џеват Бучи од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2085 за КО Злокуќани на КП бр.7060 МВ С. Злокуќани
27 Кадровски прашања /16
28 Прашања и предлози /16
29 Програма за работа на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија за 2020 година
30 Годишен извештај за работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија за период од 1.1.2019 до 31.12.2019 година
31 Информација за продажбата на акциите и уделите од вкупниот капитал на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија стекнат по основ на трансформација на претпријатијата со општествен капитал во периодот од 1-ви јули до 30-ти септември 2020 година
32 Информација за текот и прогресот на постапката за доделување на договор за јавна набавка на медицинска опрема – магнетни резонанци за потребите на ЈЗУ Општа болница Прилеп, ЈЗУ Општа болница Гостивар и ЈЗУ Општа болница Охрид
33 Информација за текот и прогресот на постапката за доделување на договор за јавна набавка на медицинска опрема – компјутерски томографи за потребите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија
34 Информација за квалитет на воздухот во Република Северна Македонија за септември 2020 година
35 Информација со иницијатива за задолжување за имплементација на Проект за унапредување на основното образование
36 Информација за извршени преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање за регионална интероперабилност и доверливи услуги помеѓу регионот Западен Балкан, со усогласен Меморандум