„Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.
Премиерот Заев рече дека конкретната цел на оваа економска мерка од третиот пакет е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста, можностите за извоз, што во крајна цел значи отворање на нови работни места и задржување на постојните.
„Согласно условите, овие 400 претпријатија веќе започнаа инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година. Станува збор за инвестиции во периодот март 2020 година до декември следната 2021 година. Вкупната инвестиција на избраните компании се проценува на 89 милиони евра. Средствата во износ од 17.2 милиони евра, се наменети за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот со цел нови инвестиции и освојување на нови пазари. Нашите заложби како Влада, а и целта на оваа мерка е и во услови на пандемија, да се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на националната економија, преку реализација на инвестициски проекти.
Искористеноста на средствата дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат, да се прилагодуваат на новонастаната состојба, а со тоа да делуваат и кон побрзо заздравување на домашната економија. Секоја инвестициска активност е од непроценливо значење за економскиот развој на земјава и токму затоа оваа мерка е посветена на ревитализација, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата“, изјави Заев и напомена дека зацврстување на дијалогот, консултација пред донесување на мерките, со сите чинители во општеството, комори, синдикати, работодавачи, граѓански организации останува приоритет.
Премиерот Заев, подвлече дека државата е тука да помогне во најтешките моменти, заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни и да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.
Министерот за економија Бектеши рече дека Владата покажува дека се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.
„Денеска заокружуваме една од главните мерки од Третиот сет економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови. Министерството за економија веќе ги подготвува сите поединечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата“, истакна министерот Бектеши.
Министерот информираше дека Министерството во текот на наредната недела ќе ги повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.
„Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите. Веќе нашите домашни компании се третираат подеднакво со странските и директно и тие добиваат поддршка од страна на државата. На ваков начин ќе продолжиме да работиме и со новите мерки. Во наредниот период ќе следат измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел во наредната година сите домашни и странски компании да можат да ги користат мерките што произлегуваат од законот“, изјави Бектеши.
Обраќање на Премиерот Зоран Заев на прес-конференција со министри од економските ресори
Почитувани претставници на медиумите,
Најнапред дозволете ми да упатам пофални зборови за Вашата посветена работа и заложби за објективно информирање на јавноста за сите теми кои што се од интерес на граѓаните.
На својата последна седница Владата го усвои Извештајот за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот.
Зголемување на конкурентоста и продуктивноста на претпријатијата во моменталните услови на живот и работа е од голема важност за придвижување на реалната економија и создавање на услови за инвестиции и за нови вработувања.
За таа цел дури 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра.
Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација.
Во оваа прилика би сакал да напоменам дека, конкретната цел на оваа економска мерка од третиот пакет е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста, можностите за извоз, што во крајна цел значи отворање на нови работни места и задржување на постојните.
Согласно условите, овие 400 претпријатија веќе започнаа инвестициски циклус или ќе инвестираат во текот на 2021 година. Станува збор за инвестиции во периодот март 2020 година до декември следната 2021 година.
Вкупната инвестиција на избраните компании се проценува на 89 милиони евра.
Средствата во износ од 17.2 милиони евра, се наменети за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот со цел нови инвестиции и освојување на нови пазари.
Нашите заложби како Влада, а и целта на оваа мерка е и во услови на пандемија, да се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на националната економија, преку реализација на инвестициски проекти.
Искористеноста на средствата дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат, да се прилагодуваат на новонастаната состојба, а со тоа да делуваат и кон побрзо заздравување на домашната економија.
Секоја инвестициската активност е од непроценливо значење за економскиот развој на земјава и токму затоа оваа мерка е посветена на ревитализација, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата.
Владата континуирано прави амбиент за деловен развој, за што сите претпријатија навремено ќе бидат известени и за следни повици кои имаат цел за поттикнување на инвестициските активности.
Во оваа прилика уште еднаш сакам да напоменам дека зацврстување на дијалогот, консултација пред донесување на мерките, со сите чинители во општеството, комори, синдикати, работодавачи, граѓански организации е наш приоритет.
Државата е тука да помогне во најтешките моменти, заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни и да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.
Ви благодарам на вниманието.