Mинистерот Попоски се сретна со португалскиот амбасадор за Македонија се седиште во Белград
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Португалската Република за Република Македонија, со седиште во Белград, Луис де Алмеида Сампајо, по повод неговото заминување од функцијата.
На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, при што беше констатирано дека е неопходно нејзино натамошно интензивирање, како и очекување за унапредување на економската соработка. Министерот Попоски, побара отворена и јасна поддршка од Португалија за Република Македонија во европските и евроатлантските интегративни процеси.
Амбасадорот Сампаио ја потврди подготвеноста на Португалската Република за натамошно зајакнување на билатералните односи и нивно постојано унапредување на секаков план.