Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работен состанок со претставничките на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), за нашата држава.
Денешниот состанок беше во насока на запознавање со новата 32 –месечна програмата WoMen Lead поддржана од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA), потпирајќи се на глобалната експертиза и експертизата во земјата за политичкото учество на жените.
Програмата има за цел нивно јакнење на жените за да се намалат индивидуалните, социо-културолошките и институционалните бариери за политичкото учество на жените во Северна Македонија. Преку оваа програма, НДИ има за цел да се подобрува родовата еднаквост во политичките партии, да им се обезбедат вештини и опкружување со поддршка на жените кандидатки за да водат успешни кампањи и да управуваат на локално ниво, како и да се намали насилството врз жените во политиката.
Министерката Шахпаска направи осврт за позитивното искуство кое благодарение на обуките од страна на НДИ за жените во политиката било направено во периодот кој измина и изрази благодарност за драгоценото искуство и стекнатите вештини добиени од нив.
„Зад нас е Законот за абортус, кои сериозно решава големи женски прашања, ратификацијата на Истанбулската конвенција,една сериозна придобивка за нас како држава, Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој после битка од три години го виде светлото на денот, кое е пресликување на една од обврските од Акцискиот план за имплементација на Истанбулската конвенција, Законот за мобинг, на кој работи работната група на Секторот за еднакви можности на МТСП, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, клучни Закони зад кои стои Министерството за труд и социјална политика,“ истакна министерката за труд и социјална политика, Шахпаска.
Од страна на претставничките на НДИ, беа посочени активностите како дел од програмата која ќе се реализира периодот кој следува, а тоа е формирање на работна група за родова еднаквост за проценка на постојните практики за родова еднаквост во политичките партии, преземање на активности за унапредување на политичкото учество на жените и за борба против насилството врз жените во политиката, обезбедување на наменска техничка помош за жените кандидатки за избрани функции на општинско ниво и трето, НДИ ќе работи со политичките партии, парламентот, граѓанското општество и медиумите на подигнување на свеста за насилството врз жените во политиката и разгледување на мерки за нејзино искоренување.
Министерката Шахпаска го поздрави и активното вклучување на а мажите во обуките кои ќе се реализираат периодот кој следува, како одлична можност за градење на родова еднаквост во општеството.
Соговорниците изразија задоволство за досегашната соработка и стекнатите искуства која во иднина ќе се продлабочат преку програмата која ќе биде реализирана од НДИ.