Висока кинеска делегација во посета на Македонија
Висока кинеска делегација, предводена од потпретседателoт на Државниот совет на Народна Република Кина, Хуеј Лиангју престојува во тридневна посета на Република Македонија.
Во делегацијата на Народна Република Кина се и министерот за земјоделство Хан Чангфу, министерот на државната комисија за етнички прашања, Јанг Џинг, амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје Цуи Џивеи, заменик генералниот секретар на Генерална канцеларија на државниот совет Динг Суедонг, заменик министерот за надворешни работи Џаи Џун и заменик претставникот за меѓународна трговија во Министерство за трговија Чонг Чуан.
Делегацијата ја сочинуваат триестина членови, меѓу кои и претседателот на Групата за национален земјоделски развој на Кина, генералениот директор на Секторот за меѓународна соработка при Министерството за земјоделство и генералениот директор на Институтот за Истражување на економскиот развој на Кина.
Како што е најавено, делегацијата ќе оствари средба со својот домаќин, вицепремиерот Владимир Пешевски во просториите на Владата на Репбулика Македонија. На средбата, на која ќе се разговара за билатерални прашања, ќе присуствуваат и дел од македонските министри.
Кинеската делегација ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од премиерот Никола Груевски.
Се очекува денеска да биде извршена размена на писма за Проект за обука на државни службеници и да се потпише Договор за економска и техничка соработка меѓу двете држави, Меморандум за разбирање за соработка во земјоделството, како и Протокол за извоз на тутун од Република Македонија во Народна Република Кина.