Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска, во Владата, на средба со претседателот на Националната боксерска федерација Примислав Димовски и претседателите на боксерските сојузи на Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нивни членови, како дел од Регионалната боксерска лига основана неодамна, разговараа за унапредување на регионалната и меѓународна соработка преку спортот, како значајна поддршка во промоцијата на заедништвото, толеранцијата и меѓусебното разбирање.
На средбата, од сите присутни беше изразена поддршка за успешна реализација на проектот Регионална боксерска лига, кој беше оценет како одличен показател на соработката меѓу сојузите во регионот.
Премиерот Заев посакувајќи им добредојде на претставниците на боксерските сојузи на повеќе земји и членови на Регионалната боксерска лига истакна дека Владината поддршка за спортот, спортистите и спортистките се унапредува и е најдобар начин за надминување на девијантните појави во општеството.
Тој ги запозна присутните со политиките на Владата и финансиската поддршка која се остварува преку приспособениот ваучерски систем изразувајќи подготвеност за продолжување во поддршка на македонскиот спорт со цел мотивирање на младите луѓе да се занимаваат со спортски активности, кои се важни за нивниот психо-физички и социјален развој.
Претседателот на Националната боксерска федерација Димовски истакна дека е посветен и задоволен од афирмацијата на боксот, кој е благородна вештина, додавајќи дека со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Владата, развојот на македонскиот бокс оди во нагорна линија.
Претставниците на боксерските сојузи, на премиерот Заев му ја пренесоа пораката за заедништво и соработка особено со боксерската федерација во Северна Македонија со цел враќање на успешната работа на регионалните клубови во регионот, кој на идните боксери ќе им го отвори патот за остварување европски и светски успеси.