Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договори за соработка со градоначалниците на Општина Боговиње, Албон Џемаили и Општина Чашка, Горан Стојановски за изградба на Дневни центри за лица со телесна или ментална попреченост.
„Изградбата на Дневните центри за лица со попреченост е ососбено значајна за нивна инклузија во секојдневното живеење и вклученост во заедницата на исто ниво со останатите граѓани. Овие два проекти се во склоп на годишата програма на капитални инвестиции во сверата на социјалата којашто беше усвоени уште во јануари оваа година.“ - изјави Шахпаска
Во Дневните центри за лица со телесна или ментална попреченост се креираат индивидуални планови за секое лице со коишто се вклучуваат во активности кои конкретно одговараат на нивните потреби.
Секојдневната работа со стручни лица им овозможува напредок на лицата со попреченост и нивна рехабилитација.
За изградба на Дневниот центра за лица со попреченост во Боговиње, МТСП од својот Буџет издвои средства во висина од околу 22 милиони денари. Истиот ќе биде со капацитет да згрижи 24 лица, а се очекува да биде изграден за период од 16 месеци.
За Дневниот центар во општина Чашка, МТСП обезбеди 4 милиони денари и во него ќе можат се згрижат 12 лица. Се очекува да почне со работа за 10 месеци.