Средба на премиерот Груевски со претседателката на албанскиот Парламент, Јозефина Топали
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Топали.
На средбата беше истакнато задоволство од развојот на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои ги карактеризираат блиска соработка, бројни активности и иницијативи.
Претседателот Груевски ги истакна стратешките надворешнополитички приоритети на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО, како и активностите што се превземаат во тој контекст.
Двајцата соговорници разговараа и за економската соработка помеѓу двете земји, при што беше истакнат взаемниот интерес за интензивирање на соработката на ова поле.
Во таа насока беше подвлечено значењето и потребата за интензивирање на патното, железничкото и енергетско поврзување помеѓу двете земји, особено во делот на Коридорот 8.
Двајцата соговорници заклучија дека Република Македонија и Република Албанија треба да продолжат со взаемната поддршка и соработка во сферите на европските и евроатланските интеграции, како и интензивирање на економските релации.