Соопштение за Меѓународниот ден на Бошњаците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2021 година (вторник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.