Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочуство до граѓаните на Северна Македонија за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.
Премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отварање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.
Соговорниците се согласија дека со почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ веќе се доцни.
Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, која сега е и значајна земја членка на НАТО.