Министерот Јанакиески го додели 1.000. решение за легализација на дивоградба во Илинден
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во општина Илинден, го додели 1000. по ред решение за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти во оваа Општина.
По повод доделувањето решенија на граѓаните, министерот Јанакиески изјави дека ова е пример и за останатите општини како треба да работат и што побрзо да ги решаваат предметите, односно комплетните барања, со цел што побрзо да им се реши прашањето за утврдување на правен статус на граѓаните кои се засегнати со ова прашање, еднаш засекогаш да го решат и да стекнат сопственост над своите имоти.
До сега на територијата на Република Македонија се издадени повеќе од 20.000 решенија, а во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени имотни листови за вкупно 18.644 вакви објекти, од кои 6.770 се во рамките на скопските општини.