Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк и на плоштадот „Македонија“ во Скопје

По повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми, положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Положувањето цвеќе на спомениците на Гоце Делчев од страна на владината делегација е дел од свечените настани со кој се чествува јубилејната годишнина на Гоце Делчев, историскиот великан кој својот живот и дело ги вгради во револуционерната борба за создавање самостојна македонска држава.