Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го прими амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашата земја Драган Јаќимовиќ.
На средбата беа потенцирани традиционалните пријателски односи меѓу двете земји и се разговараше за интензивирање на врските, особено на планот поврзување на деловните заедници, за што двете земји веќе имаат договори за соработка во економијата и туризмот.
Премиерот Ковачевски и амбасадорот Јаќимовиќ истакнаа дека треба да се обнови иницијативата за олеснување на патувањето меѓу двете земји како поттик за унапредување на економските односи.
На средбата се разговараше и за регионалната соработка која добива исклучителна важност од аспект на взаемна поддршка меѓу земјите од Западен Балкан и пошироко за време на актуелната економска и енергетска криза.