На денешната 57 седница на Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ги информираше членовите на Владата дека во Министерството на надворешни работи од француското претседателство пристигна предлог со решенија кои се однесуваат на jaвно изнесените позиции и ставови од страна на Република Северна Македонија во однос на спорот со Република Бугарија.
Предлогот се разгледува од страна на експертски лица во Министерството за надворешни работи, а истиот од утре ќе биде ставен во широк консултативен процес, со владините коалициски партнери, Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и останата јавност во земјата, по што се очекува да се донесе одлука во однос на предлогот.