Ставрески најави кадровски промени во регионални дирекции на УЈП
Вицепремиерот и министер за финансии најави дека ќе има кадровски промени и отпуштања во Регионалната дирекција на Управата за јвани приходи во Штип но и во останатите регионални дирекции и управи каде акцијата „Детонатор“ покажала дека има појава на слабости во работењето.
При посетата на Струмичкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања Ставрески рече дека во изминатиот период по акцијата „Детонатор“ дополнително се направени анализи за постоењето слабости и оти сигурно ќе има кадровски промени.
Во царината, како што најави, ќе се направат дополнителни истраги со Министерството за внатрешни работи каде се извршил увозот. Можеби набавката на опремата е извршена легално, но потоа во внатрешниот промет се направени неправилности. Ние ќе направиме aнализи и ќе утврдиме дали има неправилности, наведе вицепремиерот.
При посетата на Струмичкиот регион Ставрески со градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев потпишаа договор за изградба на мост на реката кај Моноспитово, во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги.
Посетата на општините од Јужниот регион, според Ставрески, е со цел да се покаже подршката што ја дава Владата во изградба на капитални инфраструктурните објекти во овој регион.
- Со потпишување на денешниот договор обезбедуваме финансиски средства за решавање на проблемот за жителите од Моноспитово, но и пошироко. Обезбедени се 8,4 мииони денари од Светска банка, со тригодишен грејс период и 10 години на отплата со 1 отсто камата. Средствата се обезбедени и во наредните три месеци очекуваме изградба на мостот, изјави заменик претседателот на Владата Зоран Ставревски.
Мостот кај Моноспитово што ќе се гради падна во тек на поплавите во ноември во 2010 година. Изградбата, според градоначалникот Колев, е од големо значење на граѓаните од Моноспитово и Банско, кои за да дојдат до своите ниви мораа да минат и по 10 километри. Оваа инвестиција е значаен дел од развојната стратегија на општина Босилово, бидејќи ќе значи директно поврзување на овој дел од општината со новиот откупно-дистрибутивен цнетар што ќе се гради во Турново, изјави градоначалникот Колев.