Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на „Отворен Балкан“ во Белград, заедно со лидерите од регионот и со членовите на кризната група за храна и енергија, Крешник Бектеши, министер за економија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, директорите, Славица Кутиров на Царинска Управа и Никола Бабовски на Агенција за храна и ветеринарство, како и со нивните колеги од регионот дискутираа за приоритет на сите Влади во услови на енергетска криза, а тоа е непречено снабдување со храна и електрична енергија.
Премиерот Ковачевски на состанокот подвлече дека соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, во рамките на Отворен Балкан, отвори пат за заедничко справување со предизвиците за обезбедување храна и енергија за граѓаните, во услови на напорите на сите држави од светот, за справување со последиците од војната во Украина и пандемијата.
На состанокот беше дискутирано за важноста трите земји да си помагаат меѓусебно во случај на прекин на снабдувањето со храна, како последица од глобалната криза, кога која било држава од нас, би се соочила, евентуално, со недостиг во снабдувањето на домашниот пазар, со основни земјоделско-прехранбени производи. На состанокот се разговараше за олеснување на процедурите за извоз и увоз, но и за меѓусебно снабдување со суровина за основните прехранбени производи.
Лидерите на од иницијативата „Отворен Балкан“, подвлекоа дека во овие кризни времиња ниту една од државите нема да биде оставена сама, посочувајќи дека она што за една држава значи мала донација, за друга е решавање на голем проблем.
Лидерите на државите посочија дека ќе се заложат за максимално искористување и создавање на нови капацитети за обновливи избори на енергија.
Премиерот Ковачевски на состанокот даде поддршка за планираната соработка насочена кон охрабрување и поддршка на инвестициите на државите посебно во делот на изградба на капацитети за користење на обновливи извори на енергија, производство на зелена енергија како и поврзување на гасните и електоренергетските системи.
На состанокот работните групи ја истакнаа важноста дека со договорите што ќе се потпишат на Самитот, ќе се обврземе за достапност на храната до граѓаните, најпрво земјите да си помагаат.
Членовите на работната група од нашата земја во доменот на енергетиката, потенцираа дека Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за економија и другите ресорни министерства, работи и на ставање во функција на сите енергетски потенцијали во нашата држава, во заложбите за справување со енергетските состојби.