Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.
На средбата двајцата премиери дискутираа за предизвиците околу светската енергетска криза, предизвикана од воената агресија врз Украина, европскиот пат на Северна Македонија, како и важноста на почетокот на пристапните преговори.
Пленковиќ истакна дека Хрватска е подготвена да продолжи да ѝ помага на Северна Македонија во реформите и во исполнување на потребните услови за членство во ЕУ.
Премиерот Ковачевски го нагласи задоволството од добрите економски односи меѓу Хрватска и Северна Македонија и истакна дека во пријателска Хрватска имаме искрен партнер, традиционален поддржувач на нашите аспирации за интегрирање во европското семејство.
Двајцата се согласија дека само заеднички и со интензивирање на регионалната соработка можеме да ја пребродиме светската енергетска криза.