Северна Македонија е првата земја членка на Енергетската заедница која што која што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност . Министерството за економија како креатор на политиките за енергетика со усогласување на Законодавството во областа на енергетиката создава основа за развој на енергетиката и енергетска транзиција. Стратешкото планирање на политиките и идните чекори ќе допринесат за навремено и правилно постигнување на зацртаните цели, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел дискусијата „Отворање на патот на зелената транзиција“, во рамки на конференцијата на „Економист“ која се одржува во Приштина насловена „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“
Министерот истакна дека и покрај енергетската криза која што ја зафати не само Северна Македонија, туку и цела Европа, развојот и инвестициите во енергетскиот сектор е еден од главните приоритети на Владата со главна цел обезбедување одржливо снабдување со енергија како и придвижување кон зелена економија.
„Главните цели на енергетската политика на Северна Македонија е привлекување инвестиции за изградба на енергетски капацитети и зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија, поточно инвестирање во зелена енергија што ќе придонесе за заштита на животната средина, животот и ублажување на климатските промени.На крајот на 2019 година, Владата ја одобри Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, како еден од најважните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој. Стратегијата разработува три сценарија - референтно сценарио, сценарио за умерена транзиција и зелено сценарио, кои ја одразуваат различната динамика на енергетската транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики на управување во ЕУ, кон модерна економија, конкурентна и неутрална во климатски услови до 2040 година“, додаде министерот Бектеши.
Како што нотираше министерпт Бектеши, министерството за економија континуирано поддржува активности за унапредување на обновливите извори на енергија и унапредување на енергетската ефикасност, со цел да се реализираат поставените цели за учество на обновливите извори на енергија, дефинирани во стратешките документи во смисла на остварување на националната цел за заштеда на енергија. В
„Во периодот 2019-2021 година, Министерството за економија успешно изработи три тендерски постапки за давање право на користење на премијата за изградба на фотоволтаични централи на државно и приватно земјиште за вкупна инсталирана моќност од 140 MW. Досега се изградени 16 фотоволтаични централи по принцип на премиум со вкупна инсталирана моќност од 31 MW“, рече Бектеши.
Меѓу другото, министерот Бектеши истакна дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање и што побрзо го разбереме тоа и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесно и побрзо ќе дојде до промена и квалитет на живот. ќе биде значително подобро.
"Земјите од Западен Балкан ќе останат посветени на блиската соработка со ЕУ и ќе ја препознаат тековната работа во развојот на Пакетот за чиста енергија и работата на долгорочните цели и стратегии за 2030 година. Ова ја вклучува работата што се спроведува во рамките на имплементацијата на acquis за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, но и преку техничката и финансиската помош дадена од ЕУ и други донатори. Ние сме дел од Европа и кога сме во ЕУ бараме итна помош во оваа насока", рече Бектеши.