Заклучно со вчерашниот ден, 29 октомври 2022 година, во ЕСМ Снабдување со топлинска енергија склучени се 6.906 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите и трендот на префрлување на потрошувачите од претходниот на новиот снабдувач, како заедничка обврска, продолжува и понатаму.
Времето на задржување на потрошувачите во пунктовите е значајно намалено откако електронскиот образец на Договорот за снабдување со топлинска енергија е поставен на веб страницата на АД ЕСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи, со оглед на тоа што документот сега се предава веќе пополнет од нивна страна.
Линк до договорот и упатствата
Во следниот период ЕСМ Снабдување, по достава на фактурите за топлинска енергија, до потрошувачите кои сеуште не потпишале договор ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија на нивната адреса, по што истиот ќе треба да го предадат потпишан од нивна страна во Пунктовите на ЕСМ Снабдување.
ЕСМ Снабдување со топлина ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската и во тој период греењето непрекинато ќе се испорачува.
Во однос на објектите кои немаат греење, информираме дека нивниот број е значајно намален. Во моментот проблеми се детектирани само во 20 објекти, од кои 11 објекти имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, во 4 објекти оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици, а 5 објекти немаат електрична енергија во топлинските станици.
Токму затоа потребно е заедниците на сопственици и управителите во најкус можен рок да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).