Како резултат на неодамнешните измени и дополнувања на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, чиишто драфт верзии беа објавени на ЕНЕР во септември годинава, денеска беше одржана јавна расправа во врска со овие два закони.
Јавната расправа резултираше со голем број учесници, меѓу кои претставници од различни институции, меѓународни организации, граѓанскиот сектор, академиите и синдикатите.
„Измените на овие закони се во насока на надминување на проблемите согледани од досегашните практики, поедноставување на процедурите и нудење на најдобри можни решенија за деполитизирање на јавната администрација, обезбедување соодветна застапеност и мериторна процедура за вработување, за создавање на цел механизам за евалуација на вработените. Ние во МИОА сме среќни што по неколкугодишна работа во соработка со SIGMA, Европската комисија, како и претставници од институции, организации, синдикати и опозицијата, успеавме да понудиме законски решенија за исполнување на овие цели, кои претставуваат витален фактор во подемот на професионализацијата на администрацијата и транспарентноста на јавните институции, а во исто време суштински услов што го отвора патот за интеграција во ЕУ“, истакна министерот Алити.
На јавната расправа беа покренати многу продуктивни дискусии за рационалноста, валидноста, предностите и можностите за натамошно унапредување на овие закони, при што беа аргументирани повеќе прашања предвидени со измените на овие закони и се дебатираше за предизвиците во спроведувањето.
Министерот Алити им се заблагодари на сите учесници во изготвувањето и комплетирањето на законите, како и за плодните дискусии, изразувајќи уверување дека вложени се максимални напори, а и понатаму ќе се вложуваат, за регулирање на овие суштински закони.