Денеска, 07.11.2022 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.
На средбата, која ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието на Република Северна Македонија, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се отвори дискусија меѓу претседателите на парламентарните политички партии, за европската иднина на Република Северна Македонија како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со широк политички и општествен консензус.
Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и инсерти на самиот почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.
Изјавите ќе може да се проследат и во живо на следните линкови: